Чориќ го предаде мечот на турнирот во Хале

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ нема да го брани минатогодишниот успех на АТП турнирот во Хале, откако поради болки во грбот го предаде четвртфиналниот меч.

Противник на Чориќ беше францускиот Пјер Херверт кој го освои првиот сет од мечот со резултат 7-5 во гемови.

Хрватскиот тенисер имаше проблеми со грбот во текот на целиот меч, дури при резултат од 5-4 во гемови, тој побара и помош од физиотерапевт, но беше очигледно дека ниту масажата не може да ја подобри неговата состојба, па беше принуден да го предаде мечот.

Би можело да ве интересира

Мајката на Ноле работела по 16 часа во ресторан за тој да стане тенисер

Татјана Ташкова

Ѓоковиќ со уште две цели до крајот на кариерата

Бекер: Публиката на Вимблдон да биде свесна за величината на Ѓоковиќ

Ана Ололовска

Ѓоковиќ: Надал и Федерер се една од главните причини да продолжам да играм

Ана Ололовска

Халеп во финалето на Вимблдон постави рекорд во неизнудени грешки

Прв трофеј за Халеп на Вимблдон