Милан Поповиќ е нов ракометар на Металург

Црногорскиот репрезентативец Милан Поповиќ е првото засилување на Металург за новата сезона, објавија металурзи на клупската веб-страницата.

Поповиќ потекнува од школата на Ловќен од Цетиње, а игра на позиција лево крило. Тој во Металург доаѓа од редовите на Пелистер, каде одигра една сезона и беше најдобар играч на битолчани, со постигнати 174 гола.

Милан Поповиќ со Металург потпиша едногодишна соработка.