Дел Потро повторно ќе се оперира

Светскиот рекет број 12, Хуан Мартин Дел Потро повторно ќе се подложи на операција, соопшти неговиот портпарол. Интервенцијата се должи на фрактура на десното коленото. Поради повредата на истото место на крајот од минатата година, тој пропушти поголем дел од оваа сезона.

– Медицинските прегледи спроведени синоќа во лондонска клиника, покажуваат дека Хуан Мартин Дел Потро повторно боледува од фактура на капачето на десното колено. По консултација со својот лекар Анхел Которо беше одлучено дека е потребна операција. Таа ќе се одржи во следните неколку дена, а датумот и местото претстојат да бидат дефинирани. Ќе ве информираме, се вели во пораката.

Аргентинецот доживеа повреда по лизгање и пад за време на вториот сет од неговиот вчерашен натпревар со Денис Шаповалов. Тој го доигра мечот и го освои, но потоа се повлече од турнирот во Квинс поради болката и отокот на десното колено. Најверојатно поради операцијата, тој ќе го пропушти остатокот од сезоната. „Кулата од Тандил“ има четири операции на неговите два зглоба во неговата кариера.

Би можело да ве интересира

Мајката на Ноле работела по 16 часа во ресторан за тој да стане тенисер

Татјана Ташкова

Ѓоковиќ со уште две цели до крајот на кариерата

Бекер: Публиката на Вимблдон да биде свесна за величината на Ѓоковиќ

Ана Ололовска

Ѓоковиќ: Надал и Федерер се една од главните причини да продолжам да играм

Ана Ололовска

Халеп во финалето на Вимблдон постави рекорд во неизнудени грешки

Прв трофеј за Халеп на Вимблдон