Штипско културно лето годинава со 25 содржини

Оперски ансамбaл од градот Осијек од Република Хрватска ќе го отвори годинашното 34-то Штипско културно лето (ШКЛ). Кирил Панајотов советник за култура во Општина Штип вели дека во тек се финалните подготовки за почеток на најстарата штипска културна манифестација.

– На 29 ќе се реализира 34-то издание на ШКЛ со свечено отворање во уметничката галерија Безистен со оперски ансамбал од Хрватска кои ќе ја изедат „Боеми“ од Џакомо Пучини. Манифестацијата ќе трае еден месец, а од другите содржини би можеле да ги издвоиме гостувањата на музички артисти од Аргентина, Хрватска, Србија и нормално од нашата држава, вели Панaјотов.

Штипската публика годинава на ШКЛ ќе го види и театарскиот ансамбал од Врање, потоа претстави од Народниот театар-Штип, а во рамките на оваа манифестација ќе се одржи и третиот по ред Интернационален фестивал на пејачки групи. Првично беа предвидени 17, но сега пред самиот старт на манифестација најавено е дека ќе има вкупно 25 содржини.

Освен ШКЛ во тек се и подготовките за фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, кој е во фаза на комплетирање на композииците, а останатите технички подоготовки се во завршна фаза. „Макфест“ оваа година ќе се одржи на 10,11,12 октомври.

Би можело да ве интересира

„Сестра Касијана“ нов роман на авторот Добре Тодоровски

Продолжува петвековната традиција на пеливанството

Ана Ололовска

Француска вечерна програма во Тетово

Ана Ололовска

Киното во „Железничката зграда“ се отвора за јавни настани со фокус на културата

Ана Ололовска

Почнува „Кривопаланечко културно лето 2019“

Ана Ололовска

Златниот човек на Казахстан доаѓа во Скопје