Поднесено обвинение за сторена тешка кражба

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 40-годишен скопјанец за сторено кривично дело – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 3 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, како што информираат од ОЈО, во текот на мај и јуни годинава сторил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Сторителот искористил исти прилики и околности и на дрзок начин одземал туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвои. Движејќи се со велосипед, се приближувал до оштетените и на разминување со нив им ги кинел од вратот златните ланчиња, по што веднаш се оддалечувал во непознат правец.

Со поднесеното обвинение, обвинителството до судот достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор, бидејќи ценеше дека се исполнети законските основи.

Би можело да ве интересира

Платил гориво со фалсификувани пари и заминал

Ана Ололовска

Медицинска сестра украла 25.000 евра од пациент во Белград

Обвинителство не добило известување за здравјето на Јанакиески, ексминистерот останува во притвор

Виктор Јованов

ОЈО поднесе обвинение против 36-годишен скопјанец за трговија со марихуана и амфетамини

Ана Ололовска

Обвинение за трговија со дете, младоженец купил невеста за 1.600 евра

Ана Ололовска

Вооружен грабеж во НЛБ Банка во Сарај

Ана Ололовска