Унгарија: Доживотен затвор поради смрт на 71 мигрант

Унгарски суд денеска правосилно осуди на доживотен затвор четири лица одговорни за смрт на 71 мигрант, чии тела беа пронајдени во камион, оставен на автопат во Австрија во август 2015 година.

Судијата Ерик Мезолаки изјави дека тројца од криумчарите нема да имаат можност за помилување, додека четвртиот ќе одлежи најмалку 30 години затвор.

Осудени се Авганистанец, кој ја предводел таа група, и тројца Бугари.

Тие беа прогласени за виновни за организирано криумчарење на луѓе и убиство без предумисла, бидејќи не го запреле камионот и не ја отвориле вратата за да влезе воздух.

Судијата рече дека мигрантите ја удирале вратата и викаа, обидувајќи се да го привлечат вниманието на возачот. Тогаш се задушиле 59 мажи, осум жени и четири деца од Сирија, Ирак и Авганистан. Тој случај ја шокираше Европа, која се бореше со големиот бран мигранти.

Би можело да ве интересира

Груевски на бизнис забава во Будимпешта

А1он

Груевски нема да биде екстрадиран, одлучи судот

Кристијан Ландов

Четири тела извлечени од водите на Дунав

Ана Ололовска

Извлечен бродот од Дунав, пронајдени нови тела на загинати

Ана Ололовска

Капетанот уапсен поради несреќата во Дунав и претходно предизвикал судар

Ана Ололовска

Извлечени уште две тела на жртви од несреќата на Дунав

Ана Ололовска