Беспарицата предизвикува мигрена и чир на желудник

Без разлика дали сте материјалист или не, недостатокот на пари сигурно ќе ве погоди – велат експертите од Универзитетот во Бостон.

Врз основа на студијата, која ја спровеле, тие заклучиле дека финансиските проблеми се предизвикувач на стрес, што е причина за здравствени проблеми. Тие, често, можат да бидат и многу сериозни.
Луѓето кои ги мачи беспарица имаат поголеми шанси да доживеат срцев и мозочен удар, покажа студијата.

Напнатост во мускулите на грбот чувствуваат 65 проценти од луѓето со финансиски потешкотии.

Речиси 30 проценти од испитаниците изјавиле дека поради финансиски проблеми „заработиле” чир на желудник, додека само 8 проценти од оние кои не се грижат за пари, имаат идентични здравствени проблеми.

Дури 44 отсто од луѓето, кои се под стрес поради немање пари, страдаат од мигрена, а само 4 отсто од луѓето без такви грижи имаат сериозни главоболки.

Би можело да ве интересира

Лошиот шеф е штетен по здравјето

Ана Ололовска

Црното чоколадо нè прави поенергични и попродуктивни

Ана Ололовска

Драматичен пораст на заболени лица од сифилис во Европа

Пливањето го подобрува учењето

Ана Ололовска

Што се му прави топлината на човечкото тело?

Ана Ололовска

Подобро два хамбургера наместо еден со помфрит

Ана Ололовска