Де Роси ги одбил Милан и Фиорентина

Поранешниот играч од средниот ред на Рома, Даниеле де Роси, ги одбил понудите од Милан и Фиорентина, соопшти „Спортиталија“.

Двата клуба се заинтересирани за услугите на 35 годишниот играч кој моментално е слободен агент. Но, тој им рекол дека нема да разгледува понуди од тимови од Серија „А“ поради неговата длабока почит кон „волците“.

Де Роси сега е на одмор и ќе одлучи за својата иднина откако ќе заврши.

Бока Јуниорс и ФК Лос Анџелес направија предлози до поранешниот италијански репрезентативец, но не е исклучено тој да ја заврши кариерата.

Би можело да ве интересира

Рајола: Јуве е најдобро место за Де Лихт, ме потсетува на Недвед и Ибра

ВИДЕО: Тифозите со топло добредојде за Де Лихт пред прегледите во базата на Јуве

Ана Ололовска

ВИДЕО: Де Лихт пристигна во Торино на прегледи

Ана Ололовска

Интер со нова понуда за Лукаку

Рома постигна договор со Аталанта за Џанлука Манчини

Лацио одби 80 милиони евра од Јунајтед за СМС

Ана Ололовска