УЕФА ги отфрли жалбите на Португалија и Луксембург за случајот Мораеш

Апелационата комисија на УЕФА ги отфрли жалбите поднесени од Португалија и Луксембург, барајќи службени порази за Украина во квалификациите за натпреварите од ЕВРО 2020.

Португалија и Луксембург побараа Украинците да бидат казнети поради настапите на Жуниор Мораеш поради наводно кршење на правилата при натурализирање на странец.

Украина одигра нерешено со Португалија (0:0), а го победи Луксембург со резултат 2:1.

Според правилата на ФИФА, играчот кој го менува државјанството мора постојано да игра за клубовите во земјата најмалку пет години. Мораеш играше за украинските тимови од јули 2012 до февруари 2017 година. Во февруари, тој накратко замина на позајмица во Кина, по што се врати во Украина.

Украина по четири натпревари го зазема првото место во квалификациската група Б за ЕП 2020, со освоени 10 од можни 12 бода.

Би можело да ве интересира

Милан блиску до договор со УЕФА да не игра во Лигата на Европа

Платини со официјална изјава по денешните информации за негово апсење

УЕФА без коментар за притворањето на Платини

Ана Ололовска

УЕФА во одбрана на одлуката за финалето во Баку

Ана Ололовска

УЕФА спровела над 200 допинг тестови на репрезентативци во текот на годината

Ана Ололовска

Германија и Англија и официјално се спротивставија Суперлига да ја замени Лигата на шампионите

Ана Ололовска