За Рама усвоените заклучоци во Луксембург се многу позитивни

По соопштувањето на усвоените заклучоци на министрите за надворешни работи на ЕУ за Албанија и за Северна Македонија реагираше албанскиот премиер Еди Рама.

Тој на Твитер напиша дека тоа е една многу позитивна вест од Европа и додаде дека треба да се стави крај на „валканата офанзива“ против Албанија, алудирајќи на активностите на опозицијата.

– Многу позитивна вест од Европа на патот кон отворање на преговорите. И покрај неограничената војна на политичкиот фронт на злото, кој прави се што е можно за да ја оцрни земјата во очите на Европа, да ги блокира преговорите со закани, молотови коктели и монтирани прислушувања, Албанија опстојува. Министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург се договорија да се навратат најдоцна во октомври на отворањето преговори со Албанија и со Северна Македонија. Ајде да се спротивставиме до крај на офанзивата со кал и камења против Албанија. Сите заедно на 30-ти јуни,напиша Рама на Твитер.

Би можело да ве интересира

Mета со апел до опозицијата за надминување на политичката криза во Албанија

Мета го обвини Рама дека ја оставил земјата без Уставен суд

Ана Ололовска

Албанската обединета опозиција согласна на 13 октомври да има тројни избори

Анкетната комисија ќе бара мислење од Венецијанската комисија за разрешувањето на претседателот Мета

Средба Мета-Баша за политичката криза во земјата

Ана Ололовска

Мета во „конфликт“ и со албанската Академија на науките

Ана Ололовска