Македонија на 84 место на листата најсреќни земји

На листата на најсреќни земји, Македонија се најде на 84 место, а првото место повторно и припадна на Финска, додека во регионот е најдобро рангирана Словенија.

Резултатите од испитувањето на нивото на среќата во светот се објавени на страницата World Happines Report, а зад Финска се Данска, Норвешка, Исланд, Холандија, Швајцарија и Шведска.

Од земјите во регионот, Словенија е на 44 место, Србија на 70, Црна Гора на 73 место, Хрватска на 75, БиХ на 78, Северна Македонија на 84 место.

Унгарија се наоѓа на 62 место, Грција на 82, Албанија 107 место додека меѓу среќните земји се сметаат и Нов Зеланд (8), Канада (9), Австрија (10), Австралија (11), Луксембург (14). Велика Британија, Германија и Франција се наоѓааат на 15, 17 и 24 место, Русија на 68, а САД на 19 место.

Најлошо рангирани земји се Јужен Судан (156), Централната Афричка Република (155), Авганистан (152), Танзанија (153), Руанда (152) и Јемен (151).

Листата на најсреќни земји се прави врз основа на тоа колку граѓаните на една земја се задоволни. Истражувањето го спроведува мрежата на ОН за одржливи развојни решенија во соработка со Фондацијата Ернесто Или, а го спроведува група на независни експерти.

Би можело да ве интересира

Дрецун: Во тек е тајна операција на странски служби против Србија во Скопје

Татјана Ташкова

Вилсон: Мицотакис ќе треба да покаже дека Грција се придржува до своите обврски

Златниот човек на Казахстан доаѓа во Скопје

„Културолошка иницијатива 5 до 12“ – прво алтернативно културно лето во Охрид

Тимоние: Франција сè уште не донела одлука за датум за преговори

Експерти: Нова демократија ќе го почитува Договорот од Преспа