СДСМ: Ништо не се менува кај ВМРО-ДПМНЕ, дури ниту наративот, Мицкоски нема свое јас

За две години многу работи се променија во нашата земја. Од заробена држава станавме светол, блескав пример во регионот. Од уназадување повторно одиме напред. За само 2 години на дофат ни е остварувањето на врвните стратешки и национални приоритети, членство во НАТО и ЕУ, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

„Економијата од -1.8 во времето на ВМРО-ДПМНЕ порасна на 4.1%. Имаме рекордни износи на директни странски инвестиции и раст на инвестициите од 260 проценти.

Просечната плата порасна за 2 илјади денари а невработеноста се намали на историски најниски 17.8 %.

Слободата, демократијата, транспаретноста, отчетноста, одговороноста и работата во интерес на граѓаните повторно живеат.

Само во ВМРО-ДПМНЕ ништо, ама буквално ништо не се менува. Мицкоски нема свое јас, нема капацитет ништо да промени, останува послушник на Никола Груевски. Додека СДСМ се менува за да го забрза напредокот ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во матрицата на Груевски.

Дури и во наративот останува се исто кај ВМРО-ДПМНЕ, невистини и континуиранарециклажа на лажни вести.

ВМРО-ДПМНЕ нема ниту план, ниту идеја, ниту реален проект што што би бил во интерес на граѓаните. Затоа СДСМ е предводник на напредокот.

Граѓаните се определени за напредок, за иднина во ЕУ и НАТО и враќање назад нема. Само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат изолирани во минатото.“, се вели во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов и Заев ќе може да говорат за правда и реформи само кога ќе седнат на обвинителна клупа

(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски во одбрана на криминалот на Груевски решил да не дојде на лидерската средба

(ВИДЕО) Ласовска: „Кики“ и „Фрики“ си се смеат од страна затоа што се високи функционери

Ана Ололовска

СДСМ: Срамно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за Охрид, проблемот тие го создадоа

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Стоилковски: Дали локалната власт и градоначалникот кривично ќе го гонат советникот Нефи Усеин?

Ана Ололовска

СДСМ: Мицкоски е во нов обид да го блокира напредокот на земјата

Ана Ололовска