(ВИДЕО) Арсовски: Ако некој треба да си оди од Владата, тоа е Зоран Заев

„Зоран Заев веќе втор месец ги лаже граѓаните дека ќе прави реконструкција на Владата.

Откако заврши со театарот внатре во СДСМ што им го приреди на граѓаните и на членството и си ја зацврсти позицијата Заев оставајќи ги само лојалните војници нему во партијата, сега ја лаже јавноста и граѓаните дека ќе ја реконструира Владата со нови луѓе“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако некој треба да си оди од Владата, тоа е Зоран Заев.

Еве да наброиме неколку причини зошто Заев треба да си оди од Владата уште веднаш:

1. Се што кажа – излажа.

Лажеше дека ќе го брани Уставот и да не му ја гибаме жицата, а Уставот го промени уште веднаш и жицата му се скина. Го смени натписот на Владата иако викаше дека нема да се менуваат имињата на институциите. Ветуваше дека ќе доаѓаат инвестиции како ГУГЛ и Фејсбук, а гледаме дека фирми отвора и дека работат само фирмите на неговиот брат Вице и неговото потесно семејство. Ветуваше и славеше датум за преговори уште лани во јуни, а сега гледаме дека се уште го нема и сите му се виновни. Ветуваше дека ќе се намали бројот на министерства, а сега гледаме како министерствата и трошоците се зголемуваат.

2. Зоран Заев е синоним за криминал и корупција.

Зоран Заев е единствениот аболициран премиер за криминалии тешки милиони евра. Фирмите на Заеви се вклучени во безброј скандали. Да потсетиме за скандалот на Сашко Брндевски во касарната во Струмица. Да потсетиме на скандалот Цареви Кули каде што исто има кривично дело, да потсетиме дека фирмата на неговиот брат Вице Заев, ТОТАЛ ИНЖИНЕРИНГ работи превоз и транспорт на руда во РЕК.

Наместо независно судство и бескопромисна борба против криминалот, Зоран Заев си обезбеди амнестија за случајот Едно евро за Вицето, едно евро за црквата.

Македонија поради Зоран Заев тоне на листата на Транспаренси Интернешнл од година во година.

3. Зоран Заев ја урна македонската економија.

Моментално македонската економија е на најниско и најдолното дно изминатите 29 години. Ветуваше просечна плата од 500 евра а сега имаме 500 000 жители односно секој четврти човек во државата живее под прагот на сиромаштијата.

Ветуваше сублимирање на буџетите, а сега гледаме мегаломански буџети најголеми во историјата, гледаме зголемени акцизи и гледаме нула капитални инвестиции.

4. се колнеше дека младите ќе ги задржи, а Македонија никогаш не била толку пуста. Во моментот каде и да прошетате, вклучително и главната метропола односно главниот град Скопје можеме да видиме дека сите млади, сите они кои што дипломираат, кои што го завршуваат своето образование фаќаат само карти во една правец и се иселуваат од Република Македонија.

5. Зоран Заев ветуваше дека ќе имаме европско здравство односно здравство по светски рамки. Во моментот гледаме дека здравството тоне, тоне и само тоне и гледаме се повеќе смртност кај луѓето кои што идат да се лечат на клиниките со кои што раководи Венко Филипче.

Ова се само дел од причините зошто Зоран Заев мора прв да си оди од Владата, а после него сите други.

Се додека Заев е Премиер на Република Македонија, државата ќе тоне, затоа што побрзо си отиде од владата која што ја води во моментот, толку подобро за сите граѓани“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов и Заев ќе може да говорат за правда и реформи само кога ќе седнат на обвинителна клупа

(ВИДЕО) Ласовска: „Кики“ и „Фрики“ си се смеат од страна затоа што се високи функционери

Ана Ололовска

СДСМ: Срамно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за Охрид, проблемот тие го создадоа

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Стоилковски: Дали локалната власт и градоначалникот кривично ќе го гонат советникот Нефи Усеин?

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија владее рекетарска и криминална влада

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Пред УНЕСКО Владата на СДСМ предложи еден закон, пред пратениците испрати друг законски текст