Отворање на изложбата на плакати од европскиот конкурс „Инклузија, не ексклизија“

Во рамки на програмата на 12. Скопје постер фестивал, вечерва во Галеријата на МКЦ, се отвора изложбата на 50 плакати со пораки на тема „Инклузија, не ексклузија“.

– Изложбата ќе презентира 50 плакати на студентите по графички дизајн и визуелни комуникации од речиси целиот Европски континент, вклучително и дела на студенти од земјава, кои изразија цврст став за разбивање на стигмите и табуата поврзани со лицата од социјалната маргина, дискриминираните и несоодветно вклучените индивидуи и општествени групи, соопштија од Здружение на графички дизајнери.

Наведоа дека, пропратна поставка ќе биде изложба на дела на дечиња од Посебното основно училиште „Иднина“, кои цртале со искористување на различни техники, а со цел подигање на свеста за нивната рамноправна улога во општеството.

– Делата ќе бидат понудени на продажба во хуманитарни цели токму на отворањето на изложбата, каде донаторите ќе може и да се сретнат со авторите, соопштија од Здружението/

Изложбата, што е организирана со поддршка од Амбасадата на Швајцарија, ќе биде отворена за посетителите до 24 јуни 2019 година.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Милко Нестороски

Ана Ололовска

Изложба на Христина Смилкова во Гевгелија

Ана Ололовска

Во Солун изложба на дела на уметници од ЈИЕ организирана од МСУ

Ана Ололовска

Отворена казахстанската изложба „Великата стена: Историја и култура“ во Археолошкиот музеј“

Ана Ололовска

Изложба на Дарко Трпчески во Куманово

Ана Ололовска

Отворање на изложбата со Златниот човек од Казахстан

Ана Ололовска