На Дејв Мастејн од „Мегадет“ му е дијагностициран рак на грлото

Фронтменот на американскиот метал бенд „Мегадет“, Дејв Мастејн изјави дека му бил дијагностициран рак на грлото.

Пејачот и гитарист ја сподели веста на социјалните мрежи. Тој напишал дека соработува со докторите, со кои направиле план за лекување и се надева дека има 90 отсто шанса за успех. Третманот на музичарот е веќе почнат.

Поради здравствениот проблем на Мастејн, групата беше принудена да откаже голем дел од нејзините концерти.

Сепак, тој и неговите колеги продолжуваат да работат на новиот албум. Последниот албум беше издаден во 2016 година „Дистопија“, а награден со „Греми“ во 2017 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Џенифер Лопез ѝ приреди танц в скут на фудбалерката Карла Лојд

Ана Ололовска

Амазон работи на серијата „Џек Ричер“

Ана Ололовска

Ванда и Икарди не му дозволуваат на Макси Лопез да си ги гледа децата

Татјана Ташкова

Иванка Трамп со јахта пристигна во Порто Монтенегро

Ана Ололовска

Лејди Гага се вселува кај Бредли Купер?

Ана Ололовска

Семјуел Л. Џексон во новото продолжение на „Пила“

Ана Ололовска