ВИДЕО: Четворица повредени при пукотници за време на прославата на шампионската титула на Торонто

Четири лица се повредени од огнено оружје за време на шампионската парада на новиот НБА првак Торонто. Првично беа пријавени две лица со повреди, но подоцна бројот се искачи на четири.

Инцидентот се случи за време на прославата на плоштадот „Натан Филипс“ во Торонто, кога непознати лица отвориле оган.

Според полицијата, повредените имаат сериозни повреди, но се надвор од животна опасност.

Полицијата во Торонто има задржано две лица кај кои е пронајдено огнено оружје.

Би можело да ве интересира

Мемфис ја освои Летната лига на НБА

Ана Ололовска

Поради „Најк“, ЛеБрон ќе продолжи да го носи бр. 23

Ана Ололовска

Оклахома и Хјустон ги сменија Вестбрук и Пол

Ана Ололовска

Договорот на Дурант со Нетс е за 3 + 1 година

Ана Ололовска

Телетовиќ: Ми беше досадно во НБА

Ана Ололовска

Ленард потпиша со Клиперс три години

Ана Ололовска