Промоција на книги од Санде Стојчевски, Елена Пренџова и од Стефан Марковски

Промоција на книгите „Болката на јаболкото” од Санде Стојчевски, „Мини прирачник за поезија” од Елена Пренџова и „Хипербог” од Стефан Марковски, ќе бидат промовирани вечерва во Салон 19:19, во Културно-информативниот центар – Скопје.

Како што најавија од КИЦ-Скопје, книгите ќе ги промовира Филип Клетников, а извадоци ќе читаат авторите.

Санде Стојчевски е реномиран македонски поет, есеист, книжевен критичар и преведувач. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Бил новинар, а потоа уредник во образовната редакција во Радио Скопје, уредник, главен уредник и директор на книгоиздателството „Македонска книга“ – Скопје. Член е на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија.

Елена Пренџова (1985, Скопје) е поетеса и слемерка. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје. На книжевната сцена е присутна една деценија, како авторка на шест поетски збирки, од кои четири се наградени со национални награди, и има една коавторска двојазична збирка, во препев на српски. Денес е една од уредниците на најстарото книжевно списание „Современост“ и активна членка на ДПМ од 2012 год. Последните неколку години организира слем-натпревари во градовите низ Македонија.

Стефан Марковски е роден и израснат во Гевгелија, каде што завршил основно и средно образование. Дипломирал на Катедрата за компаративна книжевност при Филолошкиот факултет и Институтот за филозофија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистрирал Сценарио за филм и ТВ на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Марковски е член на Друштвото на писатели на Македонија, македонскиот центар на Интернационалниот театарски институт и други здруженија.

Би можело да ве интересира

Промовирана книгата „Медиумскиот егзил на книжевноста во македонската култура“ во Струмица

Ана Ололовска

„Филмски клуб“ од Дејвид Гилмор во издание на ИЛИ-ИЛИ

Ана Ололовска

„Димитар Солев како полемичар“-нова книга од Веле Смилевски

Ана Ололовска

Раде Силјан добитник на меѓународната награда „Мелнички вечери на поезијата“

Ана Ололовска

Романот „Нишан“ на Блаже Миневски објавен на кинески јазик во Шангај

Ана Ололовска

Почнува манифестацијата „Струшки книжевни средби“

Ана Ололовска