Продолжува гласањето за наследник на Тереза Меј

Вториот круг од гласањето за избор на нов лидер на британската Конзервативна партија продолжува денеска во Парламентот.

Конзервативните пратеници ќе се изјаснат со тајно гласање, а резултатите се очекуваат попладнево.

Секој од шестмината останати кандидати мора да освои најмалку 33 гласа, во спротивно испаѓа од изборната трка.

Кандидатите кои ќе останат во игра, вечерва ќе учествуваат во дебата на Би Би Си.

Гласањата ќе продолжат во текот на неделава, се додека не останат двајцата најдобро пласирани кандидата. За нив ќе се изјаснуваат 160.000 членови на Конзервативата партија почнувајќи од 22 јуни, а се очекува победникот да биде прогласен околу еден месец подоцна.

Според анкетите, фаворит за наследник на Тереза Меј на функцијата лидер на конзервативците и британски премиер е поранешниот министер за надворешни работи Борис Џонсон.

Би можело да ве интересира

Британија испраќа нов брод во Персискиот Залив

Меј: Без разлика кој пат ќе го избере Британија, мора да биде одржлив

Борис Џонсон размислува да го истурка Брегзит без британскиот Парламент

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

Меј: Изразувањето на Трамп за конгресменките е неприфатливо

Татјана Ташкова

Страв од можен „нов Чернобил“ во фабрика за нуклеарен отпад во Британија