Боинг може да го преименува авионот „737 Макс“

Боинг ќе го смени името на авионите од типот „737 Макс“ поради ризици по својата репутација, изјави во интервју за „Блумберг“ Крег Смит, финансиски директор на компанијата.

– Работиме на тоа да сториме се што е потребно за да ја обновиме репутацијата, и ако треба ќе го смениме и брендот, изјави тој.

Како што се укажува, раководството на компанијата се уште нема донесено конечна одлука да се откаже од зборот „Макс“ во името на авионите. Таквата одлука би била погазување на досегашната работа на компанијата која се стремеше зборовите „Макс“ и „Дримлајнер“ да бидат симбол за препознатливост на брендот кај туристите.

Моментално летовите на Боинг „737 Макс“ се забранети откако два авиона од овој тип се урнаа во временски рамки од неколку месеци. Едниот авион доживеа катастрофа лани во октомври во Индонезија, а другиот годинава во март во Етиопија, при што загинаа вкупно 346 луѓе.

Резултати од истрагата покажуваат дека постои сличност во причините за катастрофите. Боинг призна дека патничките авиони можеле да се урнат поради грешка во системот МКАС за помош на пилотите во управување со авионот. Компанијата подоцна објави дека започнала со обнова на компјутерска програмата за управување со Боинг „737 Макс“.

Би можело да ве интересира

„Боинг“ ќе исплати 100 милиони долари на роднините на загинатите во двете катастрофи на „737 Макс“

Ана Ололовска

„Визер“ воведува нов лет од Охрид до Дортмунд

Ана Ололовска

Азербејџан откажа зделка со Боинг од милијарда долари од безбедносни причини

Кинески компании бараат Боинг да плати надоместок за приземјувањето на 737 Макс

Боинг не информирал со месеци за проблеми во безбедноста на „737 Макс“

Ана Ололовска

Драстичен пад на профитот на „Ербас“

Ана Ололовска