Челзи ги отфрли понудите од Барса и Атлетико за Вилијан

Челзи одби предлози од Барселона и Атлетико Мадрид за Вилијан, информира „Скај Спортс“. Тие беа во вредност од 35 милиони фунти (околу 39 милиони евра). Бразилецот ја започнува својата последна година од договорот со лондонскиот тим и е атрактивна цел за други клубови.

Челзи, сепак, се бори да ги задржи своите играчи, бидејќи нема право да привлече нови играчи за тековниот и следниот трансфер прозорец. Пред неколку дена „сините“ се разделија со Еден Азар, но ќе се обиде да ги предомисли другите фудбалери, кои сакаат да си заминат.

Во моментов 30-годишниот Вилијан е на Копа Америка со националниот тим на Бразил, откако беше повикан да го замени повредениот Нејмар.

Офанзивниот фудбалер ќе ја игра шестата сезона со тимот на Челзи, откако пристигна од Анжи во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Јунајтед со јасна порака до Лукаку, изваден од составот во втор меч по ред

Емери за летните трансфери: Бараме скапи играчи, можеби три или четири

Официјално: Стив Брус го презеде Њукасл

Ана Ололовска

Заха е многу далеку од „Емирати“

Ана Ололовска

Манчестер Јунајтед стави цена од 200 милиони евра на Погба

Ана Ололовска

Трипиер се поблиску до Атлетико