Рама најави тужба за новинарот на „Билд“,тој му возврати да научи што е независно обвинителство и функционален суд

Објавените снимки од прислушуваните разговори во германскиот весник „Билд“ го налутија албанскиот премиер Еди Рама, кој најави тужба против новинарот Питер Тиде.

Рама на Твитер напиша дека одлучил ова прашање „да го однесе во суд во Германија“, бидејќи таму правдата „не си игра со тајните од една истрага, достоинството на граѓаните и почитта кон државата.

-Решив овој новинар да го однесам во германските судови, во оваа благословена земја каде правдата не си игра со тајни од истрага и каде достоинството на луѓето и државите се почитува како непроценлива вредност. Ајде да видиме кој е во право во оваа пропуштена историја на правдата, пишува Рама, кој претходно објавувањето на снимките од прислушуваните разговори ги оцени како уцена.

Преку Фејсбук му одговори новинарот Тиде кој наведува дека „Рама се уште не слушнал за независно судство“, па затоа бара истрага од обвинителството.

Бидејќи Рама е во Лондон го советува да научи таму што значи независно обвинителство и функционални судови.

-Бидејќи шефот на албанската влада се уште не слушнал за независно правосудство сега бара обвинителот да истражува. Бидејќи Рама сега е во Лондон, мора да добие лекција за тоа што се независни обвинители и вистински, функционални судови, напиша Тиде.

Првот напис под наслов „Како мафијата манипулира со изборите во Албанија“, весникот „Билд“ го објави во почетокот на месецов, кога пренесе снимки од разговори направени од албанските истражни органи, каде се слуша кои мафијашки кланови ги купиле гласовите за партијата на премиерот Еди Рама.

Во шесте разговори главен е мафијашот Астрит Авдулај, кој разговара со градоначалникот на пристанишниот град Драч и директорот на „Водовод“ да се обезбедат гласови со закани и купување. Денеска објави 16 снимени разговори за градот Пешкопеја, при што се слуша и гласот на премиерот Рама.

Би можело да ве интересира

Mета со апел до опозицијата за надминување на политичката криза во Албанија

Мета го обвини Рама дека ја оставил земјата без Уставен суд

Ана Ололовска

Албанската обединета опозиција согласна на 13 октомври да има тројни избори

Анкетната комисија ќе бара мислење од Венецијанската комисија за разрешувањето на претседателот Мета

Средба Мета-Баша за политичката криза во земјата

Ана Ололовска

Мета во „конфликт“ и со албанската Академија на науките

Ана Ололовска