УХРМ: Повеќе места во државата попладнево беа зафатени од невреме со пороен дожд и град

Повеќе места во државата попладнево беа зафатени од невреме со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Град имаше во светиниколското, кратковското, скопското, валандовското, велешкото и кавадаречкото подрачје.

Управата за хидрометеоролошки работи најавува и во вечерните часови наместа нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Преку ноќта се очекува стабилизирање на атмосферата над нашето подрачје.

Утре претпладне се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност, додека попладне на повеќе места повторно ќе има нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Минималните температури ќе се движат од 12 до 19 степени, а максималните од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 7. Во Скопје слично време со температура од 17 до 31 степени.

Би можело да ве интересира

Сончево со умерена облачност

Ана Ололовска

Од утре постабилно време и пораст на температурата

Ана Ололовска

Облачно со повремен дожд и со слаб до умерен претежно северен ветер

Ана Ололовска

Над 130 загинати во монсунските дождови во јужна Азија

Променливо време до крајот на неделава

Ана Ололовска

Сончево со мала облачност и повремен дожд

Ана Ололовска