Могерини: Довербата во ЕУ ќе се намали ако не почнат преговорите со Скопје и со Тирана

Довербата во процесот на проширување на ЕУ ќе настрада ако не почнат веднаш преговорите за пристапување на Северна Македонија и Албанија, изјави на прес-конференција високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини.

– Двете земји се подготвени, тие се европски земји, тие не се на надворешната граница на ЕУ. Во наш интерес е Западен Балкан да стане дел од заедницата, истакна Могерини.

Според неа, ЕУ не треба да се откажува од најефикасниот инструмент за постигнување мир. Се надевам земјите од ЕУ да донесат мудра одлука за итно започнување на преговорите, рече Могерини.

Предвидено е Советот на ЕУ да го разгледа прашањето на утрешната седница во Луксембург.

Би можело да ве интересира

Зелените бараат четири портфолија во идната Европска Комисија

Пред ЕП претставени приоритетите на финското претседателство со ЕУ

ЕУ подготвена за нови санкции против Венецуела

Ана Ололовска

ЕП со изборот на Урсула фон дер Лејен го избра патот на опуштање на односите со Советот на ЕУ

Ана Ололовска

Хан: Фон дер Лејен ја потврди европската перспектива на Западен Балкан

Урсула фон дер Лејен за обединета и силна Европа