Русија: Странски специјални служби вршат сајбер напади на нашата инфраструктура

Руските безбедносни служби соопштија дека забележале поединечни обиди на американски и други специјални служби како вршат сајбер напади на администрацијата на руската инфраструктура.

Оваа вест следи откако Иран соопшти дека на нивна територија се уапсени неколку агенти на ЦИА.

Според неименуван извор од руските безбедносни сили, странски специјални служби активно се обидуваат да се инфилтрираат во системот на администрацијата на руската инфраструктура, пред се во области како што е банкарскиот сектор, транспорт и во енергетиката.

„Такви обиди постојат, иако успеваме да ги неутрализираме“, истакна изворот.

Би можело да ве интересира

Си-Ен-Ен: Асанж ја координирал вмешаноста на Русија во изборите во САД

САД и Русија со мали изгледи за успех на преговорите за стратешка стабилност

Ана Ололовска

Русија и Украина најавуваат размена на затвореници

Авион со 112 патници се излизга од писта во Русија

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Протест во Москва, опозицијата бара да учествува на избори

Турчин ќе испрати бурек во Кремљ како благодарност за С-400

Татјана Ташкова