Мицотакис: Ако ескалираат турските активност, Грција и Кипар да побараат санкции од ЕУ за Турција

Турција го презира меѓународното право и систематски ги крши суверените права на Кипар, ако ексалираат постапките, Грција и Кипар да побараат санкции од ЕУ, вели лидерот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис за последните активности на Турција во ексклузивната економска зона на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.

-Турција со месеци покажува апсолутен презир кон меѓународното право. Систематски ги крши суверените права на Република Кипар во на ексклузивната економска зона. Доколку постои дополнителна ескалација на ваквите постапки, апсолутен императив е Грција и Кипар да побараат од Европската унија да воведе санкции против Турција. Неопходно е, во овој критичен момент, да постои национално единство и решителност, вели Мицотакис.

Лидерот на Нова демократија додава дека во никој случај, критичноста на ситуацијата не ја оправдува и „неодговорната нејзина драматизација“, коментирајќи ја одлуката на владата, вчера, во недела да го одржи владиниот совет за надворешни работи и одбрана, но и поради тоа што денеска во Грција е неработен ден.

Мицотакис вели дека ваквата постапка не е во корист на националната позиција и националната линија, која сите мора да ја почитуваат.

Би можело да ве интересира

Преку лажен Твитер профил објавена лажна вест дека починал поранешниот грчки претедател Папуљас

Калин: Турција соодветно ќе одговори на нападот во Ербил

Атина загрижена заради зголемениот број на мигранти на островите во Егејско море

Убиен турскиот заменик конзул во Ирак, во напад врз ресторан во Ебрил

Грчкиот Парламент положи заклетва

Ана Ололовска

Трамп: САД нема да и продадат борбени авиони на Турција

Ана Ололовска