Невреме во Куманово – поплавени куќи, подрумски простории и гаражи

Поројниот дожд што попладнево го зафати Куманово предизвика проблеми во повеќе населби во градот. Според првичните информации од Регионалниот центар за управување со кризи, поплавени се куќи во населбата „Перо Чичо“ и во селото Доброшане, како и подрумски простории, гаражи и дворови зад гимназијата и на дел од булеварите.

Првичните информации од оперативците на РЦУК Куманово се дека се појавило и странично свлечиште на улицата „Титова Митровачка“ за што се информирани надлежните институции.

– Екипите на „Водовод“ веќе се на терен и се обидуваат да ја исцрпат водата од поплавените простори, изјави директорот на претпријатието Горан Стојковски.
Поројниот дожд го зафати Куманово пред 15 часот и непрекинато врнеше речиси еден час со силен интензитет и силни електрични празнења.

Би можело да ве интересира

Над 130 загинати во монсунските дождови во јужна Азија

Над 50.000 луѓе без струја поради бурата Бери во Луизијана

Теохарис: Грчкиот туризам издржа, Халкидики e подготвен да пречека нови туристи

ВИДЕО: Страотен удар на гром во центарот на Солун

Македонските туристи остануваат на Халкидики, нема поголеми откажувања на аранжманите

Ана Ололовска

Гром удрил во трафостаницата кај изворите во Шум, отежнато водоснабдувањето во Струга

Ана Ололовска