Пакистански владини претставници добија мачкини уши при пренос во живо на „Фејсбук“

Пакистански владини претставници беа прикажани при пренос во живо со мачкини уши и мустаќи, по што владејачката партија на земјата ја припиша грешката на човечки фактор.

Пакистанската партија „Техреек е Инсаф“ (ПТИ) соопшти дека филтер-мачка по грешка бил вклучен од трудољубив волонтер во моментите кога Шукат Јусафзаи, покраински министер за информации, давал изјава за новинарите.

ПТИ соопшти дека филтерот бил отстранет по неколку минути додавајќи дека се преземени сите неопходни мерки за да се избегне сличен инцидент во иднина.

Би можело да ве интересира

Над 130 загинати во монсунските дождови во јужна Азија

Бројот на загинати во железничката несреќа во Пакистан се зголеми на 23

Ана Ололовска

Единаесет загинати, десетици повредени во железничка несреќа во Пакистан

Ана Ололовска

Поранешниот претседател на Пакистан уапсен поради обвинение за корупција

Пакистан тестира балистичка ракета со голем дострел

Ана Ололовска

Во еден град во Пакистан со ХИВ заразени стотици деца

Ана Ололовска