СВР Куманово поднесе кривична пријава за „криумчарење мигранти“ против жител на Љуботен

Регионалниот центар за гранични работи Север, преку СВР Куманово, поднесе кривична пријава против 26-годишниот А.А. од село Љуботен, Sкопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Полициските службеници на 14-ти јуни годинава во 22 часот на улицата „Индустриска“ во Куманово извршиле контрола на товарно возило „Фиат Дукато“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал пријавениот и пронашле 33 лица-мигранти, меѓу кои шест биле малолетници.

А.А. бил лишен од слобода и судија на претходна постапка му одредил триесетдневен притвор.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за едно лице осомничено за криумчарење мигранти

Приведени пет лица од Гостивар кај кои е пронајденo марихуана и кокаин

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Десетина тешки грабежи откако Спасовски е на чело на МВР, а ниту еден расветлен случај

Ана Ололовска

Во акциска контрола на МВР санкционирани 55 возачи за брзо возење

Ана Ололовска

Ограбена наплатната каса од паркингот во Клиничкиот центар

Спасовски: Безбедносната состојба е стабилна, мирна и без индиции за нарушување

Ана Ололовска