Повеќе од 765 милиони малолетници во светот стапуваат во брак пред полнолетство

Анадолија – Анкара

Повеќе од 765 милиони малолетници во светот стапија во брак, не дочекувајќи полнолетство.

Според податоците на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), 115 милиони машки лица низ светот стапија во брак на детска возраст.

УНИЦЕФ, извештајот за децата младоженци го изработи според податоците од 82 земји.

Податоците велат дека повеќе од 115 милиони момчиња стапиле во брак на возраст под 15 години. Имено, секое петто момче се наоѓа во брачна заедница на многу рана возраст.

Најмногу такви случаи се забележани во Централноафриканската Република, потоа следува Никарагва, па Мадагаскар.

И секоја петта жена се омажила пред да наполни 18 години.

Генералната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Фор, смета дека бракот на рана возраст го краде детството.

Според нејзините зборови, стапувањето во брак доведува до прекин на школувањето и до напорна работа, за да се издржува семејството.

Би можело да ве интересира

Намален бројот на туристи во мај

Ана Ололовска

Мажите во земјава се побројни за 3.000 од жените

Ана Ололовска

Евростат: Во Северна Македонија живеат 2.077.100 луѓе

Ана Ололовска

Истражување: Бракот значи спас од стресот

Ана Ололовска

Повисоки трошоците за храна и туристички аранжамани

Ана Ололовска

Наталитетот опаѓа и со 200 милиони евра потрошени за трето дете

Ана Ололовска