„Поетски искри од огништето на Ванчо Николески-2019“ во Лескоец

Во Лескоец денеска почнува првиот Балкански детско-младински поетски камп „Поетски искри од огништето на Ванчо Николески-2019“ што го организира Здружението за култура и литература „Мацково“ од Охрид.

Кампот ќе трае до 20 јуни 2019 година, а целта е, според „Мацково“, да се обнови споменот кон писателот-втемелувач на литературата за деца и млади, Ванчо Николески низ заедничко другарување и создавање творештво на деца и млади од поширокиот балкански регион.

На настанот е најавено присуство на градоначалниците на Охрид, Вевчани и Дебарца, како и на потомци од опеаниот лик во „Волшебното Самарче“.

Во Лескоец ќе бидат прочитани Посланијата на генералниот секретар на СВетската академија за поезија на УНЕСКО, Лаура Троиси, односно на претседателот на државата Стево Пендаровски.

Учесниците ќе го посетат и ќе положат цвеќе на гробот на Ванчо Николески-Охрид, се наведува во соопштението од Здружението.

Би можело да ве интересира

Наградата „Поетски синтези“ за Јасна Софија Косановиќ од Штудгард

Ана Ололовска

Во Битола отворен фестивалот „Поетски синтези“

Ана Ололовска

Наградата „Франческо Петрарка“ за поетот и академик Василевски

Ана Ололовска

Почина поетот Милан Терзовски

Ана Ололовска

Почнуваат 56-те Рацинови средби

Ана Ололовска

Во Самобор одбележани осум децении од печатењето на „Бели Мугри“

Ана Ололовска