СДСМ одлучува во Охрид, нема предвремени избори

На овој работен состанок на Централен Одбор на СДСМ ќе се разговара за политичката ситуација во државата како и за позитивниот извештај од ЕУ и ветувањето и гаранциите кои ги даде Германија дека Бундестагот во септември ќе даде позитивен сигнал, односно датум за преговори.

Исто така ќе се разговара и за новиот начин и систем на делување во СДСМ, од Централно ниво до општинските организации.

По барање на претседателот на партијата Зоран Заев беа разрешени сите претседатели на општиниски организации, шесте потпретседатели на партијата и генералниот секретар Александар Кирацовски. Засега познат е само новиот генерален секретар, а тоа е министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Од СДСМ најавија дека по завршување со промените внатре во партијата промени ќе има и во централната и локална власт.

Сметаат дека нема потреба од предвремени парламентарни избори, сепак не се исклучува можноста да се дискутира за тоа. Очекуваат во септември датум за преговори, а истите да почнат до крајот на годината.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е директен виновник за уништувањето на културното и природното богатство на Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Заев со неговиот расипнички карактер го урна достоинството на државата

Ана Ололовска

СДСМ: Цената на струјата остана иста, со евтина тарифа граѓаните заштедуваат до 11 милиони евра

Ана Ололовска

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ фатени во нова лага, нема тендер за набавка на мамографи

СДСМ: Фрустрираниот Мицкоски е заглавен во груевистичката матрица на изолации

СДСМ: Времето на непотизам и партиски вработувања заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција