Сари и официјално тренер на Јувентус

Тоа што деновите го објавија сите спортски медиуми денеска го потврди клубот од Торино кој соопшти официјално дека Маурицио Сари е новиот тренер на Јувентус.

– Новиот тренер на Јувентус досега во неговата кариера предводел 19 клубови. Со Емполи влезе во Серија А, потоа со Наполи од 2015 до 2018 освојуваше по 82, 86 и 89 бодови по првенство, за потоа да го предводи Челзи, со кого го освои својот прв трофеј во кариерата – Лига Европа. А сега неговата авантура почнува во Торино. Добро дојде во Јувентус, се истакнува во официјалното соопштение на италијанскиот шампион.

Договорот на Сари со Старата дама ќе трае три години односно истекува на 30 јуни 2022 година, а неговите цели се да ги освои домашното првентство и Купот, како и да го донесе трофејот на европската Лига на шампиони во Торино, на кого Јуве чека веќе 23 години.

Сари е познат по офанзивниот и атрактивен фудбал, а досега водел 810 натпревари во кои постигнал 374 победи, 237 нерешени и 199 порази, што покажува 46,2 отсто успешност на овој италијански стратег.

Би можело да ве интересира

Лацио одби 80 милиони евра од Јунајтед за СМС

Ана Ололовска

Рома не го дава Заниоло

Јувентус нуди само 40 милиони евра за Икарди

Ана Ололовска

Де Лихт од понеделник официјално во Јувентус

Икарди му се закани на Интер

Михајловиќ ги потврди страшните вести: Имам леукемија

Ана Ололовска