Пронајдени десет мигранти од Пакистан во возило на автопатот Гевгелија-Скопје

Полицијата вчера пронашла десет мигранти од Пакистан во патничко возило „БМВ X5“ со скопски регистарски ознаки на автопатот Гевгелија-Скопје, во близина на клучка „Прдејци“.

Како што соопштуваат од МВР, вчера околу 3:50 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, во близина на клучка „Прдејци“, полициски службеници забележале патничко возило „БМВ X5“ со скопски регистарски ознаки, кое не застанало на знак за запирање. Полициските службеници со службено возило го стигнале наведеното возило и во него биле пронајдени десет мигранти од Пакистан кои биле пренесени во полициска станица за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Атина загрижена заради зголемениот број на мигранти на островите во Егејско море

Миграцијата од Источна Европа рекордно го зголеми населението на Германија

Десетина цркви во САД ги штитат мигрантите од депортација

Ана Ололовска

„Њујорк тајмс“: Рациите за депортација на илегалните имигранти почнуваат в недела

Полицијата пронајде 27 мигранти во товарно возило

Ана Ололовска

Салвини го затвори мигрантскиот центар на Сицилија

Татјана Ташкова