Заев очекува до крајот на годината да отпочнат преговорите со ЕУ

Премиерот Зоран Заев очекува на претстојниот Совет на Европската унија да биде потврдено она што ЕУ го верификуваше преку извештајот на Европската комисија за напредокот на државата.

– Нашиот народ и нашата земја го заслужија тоа, изјави Заев, додавајќи дека очекува во септември или октомври земјата да добие датум за преговори, а кон крајот на годината да отпочнат преговорите.

Додаде дека ќе се причека германскиот Бундестаг да донесе одлука за старт на преговорите на Европската Унија со Северна Македонија по што конечно земјата ќе добие датум за преговори.

– Драго ми е што имаме шанси до крајот на годината да бидеме полноправна членка на НАТО. Тогаш ќе почнат и преговорите со ЕУ така што можеме успешно да ја завршиме оваа година во поглед на интеграциските процеси, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Преспа.

Би можело да ве интересира

Сијарто: ЕУ отворено ги поддржува шверцерите со луѓе

Макрон: Не е добро Србија пребргу да влезе во ЕУ

Могерини: Трговскиот инструмент со Иран е отворен и за трети земји

Фон дер Лајен им упати писма на социјалистите и либералите во ЕП

Шаленберг најави санкции на ЕУ против Турција

Ана Ололовска

Бројот на нелегални престои во пад секаде во ЕУ освен во Белгија

Ана Ололовска