Дејан Недев европски шампион во кати

Каратистот Дејан Недев освои златен медал во кати на Европскиот шампионат во Питешти, Романија. Ова е седма европска титула во неговата долга и богата кариера.

Јадранка Недева, исто така, освои златен медал во кати кај сениорките, а Матеј Ангеловски се закити со сребрен медал во фукуго и бронзен во кого-кумите. Во јуниорска конкуренција со злато во кого-кумите се закити Мила Саздова, а во фукуго го освои сребрениот медал.

Антонија Белазелкоска во кадетска конкуренција во кати и фукуго освои бронзени медаљи.

Натпреварите се уште се во тек. На нив треба да настапи Матеј Ангеловски во дисциплината кумите за сениори.

На Европскиот шампионат во Питешти учествуваат 387 каратисти од 24 земји.

Би можело да ве интересира

Златен медал за Анѓела Мојсовска на Светскиот куп во Умаг

Ана Ололовска

Каратистите на Карате клубот Макпетрол на турнир од Светската карате лига за младинци во Хрватска

Павлов без медал од Европските игри

Ана Ололовска

МТКФ на куп „Неа Флогита 2019“

Ана Ололовска

Кичевчанката Минговска освои злато на Балканското првенсво во карате за деца во Бања Лука

Каратистот Дервиши го освои првиот медал за земјава на Балканското првенство за деца во Бања Лука

Ана Ололовска