Двајца пешаци повредени во сообраќајка во Скопје

Двајца пешаци се повредени во Скопје откако во нив удрило возило марка „фиат пунто“ управувано од 19-годишно лице.

Како што соопшти денеска МВР, двајцата пешаци А.Ш. (44) и Х.Ш. (18) со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им е укажана лекарска помош. Потешко повреден е А.Ш, а со телесни повреди се здобила Х.Ш.

Несреќата се случила синоќа во 22:55 часот на крстосницата од улиците „Војдан Чернодрински“, „Славеј Планина“ и „Кримска“. Возилото било управувано од И.Б.(19) од Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Тешко повредено 17-годишно момче во сообраќајка во Прилепско

Ана Ололовска

Во Скопје вчера санкционирани 48 возачи за пребрзо возење, тешко повреден патник во автобус

Ана Ололовска

Скопјанец тешко повреден откако излетал од патот кај наплатната станица Миладиновци

Ана Ололовска

Едно лица загина, тројца се повредени во сообраќајки во Скопје

Ана Ололовска

Полицијата казни 80 возачи за брзо возење вчера во Скопје

Ана Ололовска

Утре привремен сообраќаен режим на дел од „Партизанска“

Ана Ололовска