Ердоган: Руските системи С-400 ќе стигнат во Турција во јули

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска соопшти дека Русија во текот на следниот месец на Турција ќе и ги достави нарачаните противракетни системи С-400.

– Со рускиот претседател Владимир Путин имавме можност да разговараме за темата со С-400, но таа и онака е затворена. Не станува збор за ништо лошо. Мислам дека во текот на првата половина на јули ќе почне доставувањето (на С-400), изјави Ердоган пред новинарите за време на летот кон Анкара од таџикистанскиот главен град Душанбе, каде учествуваше на регионален самит и имаше средба со шефот на руската држава.

Турција е под силен притисок од САД да се откаже од набавката на руските системи С-400. Вашингтон најави дека ќе воведе санкции кон Турција и ќе ја исклучи земјата од својата програма за борбени авиони Ф-35, доколку Анкара не се откаже од плановите за вклучување на руските системи С-400 во своето вооружување.

На ваквите најави во петокот реагираше турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, кој изјави дека Турција ќе одговори со „реципрочни мерки“ доколку САД воведат санкции кон земјата.

Тој нагласи дека Турција нема да отстапи од своите планови во вооружување, додавајќи дека во оваа фаза е невозможно земјата да ја откаже нарачката на системите С-400.

Би можело да ве интересира

Калин: Турција соодветно ќе одговори на нападот во Ербил

Убиен турскиот заменик конзул во Ирак, во напад врз ресторан во Ебрил

Трамп: САД нема да и продадат борбени авиони на Турција

Ана Ололовска

Чавушоглу: Ракетниот систем С-400 ќе биде активиран до почетокот на следната година

Ана Ололовска

Турција: Одлуките на ЕУ нема да влијаат на Анкара

Ана Ололовска

Ердоган планира заедничко производство на оружје со Русија