ВМРО-ДПМНЕ: Заев без консултации со опозицијата турка попис со матични броеви

„Зоран Заев се пазари на штета на Македонија и сите граѓани кои живеат во земјава.

По менување на името, идентитетот Зоран Заев посегна и преку пописот да изврши целосно редефинирање на Република Македонија.

Аболицираниот Заев без консултации со опозицијата турка попис со матични броеви, спротивно на препораките на Еуростат.

Аболицираниот Заев и неговата криминална банда треба да разберат дека пописот е статистичка, а не политичка операција.

Овој процес кој насилно се турка нема да ја прикаже реалната бројка на население кое живее во нашата држава. Со пописот Заев се обидува да изврши манипулација со бројката на жители во Македонија за да врати дел од хипотеките кои ги должи за да дојде на власт без поддршка од народот.

Попис е статистичка операција која што треба да служи за реално планирање на политиките во државата.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Зоран Заев да се откаже од овој попис навреме, за да не ја доживее истата судбина како неуспешниот референдум. И да започне попис според препораките на Еуростат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов и Заев ќе може да говорат за правда и реформи само кога ќе седнат на обвинителна клупа

(ВИДЕО) Ласовска: „Кики“ и „Фрики“ си се смеат од страна затоа што се високи функционери

Ана Ололовска

СДСМ: Срамно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за Охрид, проблемот тие го создадоа

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Стоилковски: Дали локалната власт и градоначалникот кривично ќе го гонат советникот Нефи Усеин?

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија владее рекетарска и криминална влада

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Пред УНЕСКО Владата на СДСМ предложи еден закон, пред пратениците испрати друг законски текст