Леонардо ќе ги донесе СМС и Донарума во ПСЖ

Старо-новиот спортски директор на ПСЖ, Леонардо следната сезона во клубот ќе донесе две засилувања од Серија А и тоа Сергеј Миленковиќ-Савиќ – СМС од Лацио и Џанлуиџи Донарума од Милан.

„Ла Стампа“ тврди дека поради финансиската нестабилност Милан е подготвен да го продаде својот голман за околу 60 милиони евра, за кого е заинтересиран и Манчестер Јунајтед, но добриот однос на Бразилецот со „Росоњерите“ им дава поголеми шанси на „принцовите“.

СМС, пак, се поврзуваше со Интер, Милано, Јувентус и други големи екипи, но „Канал +“ тврди дека ПСЖ е подготвен за него да му плати на Лацио 75 милиони евра, а на играчот за врска му обезбедува петгодишен договор со вкупна заработка од 30 милиони евра.

Инаку, Леонардо летоска го напушти Милан и се врати во Париз, каде го чека многу работа во обид на парижаните да им донесе дополнителен квалитет.

Би можело да ве интересира

Тухел ја потврди желбата на Нејмар да го напушти ПСЖ

Ана Ололовска

ПСЖ му соопшти на Нејмар под кои услови ќе го продаде

Ана Ололовска

ПСЖ го сака Диало од Дортмунд

Нејмар патува за Париз, утре се решава иднината на Бразилецот

Ана Ололовска

ПСЖ ја одби понудата на Барса за Нејмар

ПСЖ призна: Нејмар може да замине, разговаравме со Барса

Ана Ололовска