САД и Мексико постигнаа договор за превенција на миграцијата од Јужна Америка

Евентуална трговска војна со САД би предизвикала вистинска економска криза во Мексико, изјави мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард, нагласувајќи дека тоа сепак нема да се случи бидејќи двете земји постигнале договор со кој Мексико Сити се обврзал да ја превенира имиграција од Јужна Америка.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, договорот е постигнат откако Мексико ветил побезбедна северна граница и запирање на карваните со мигранти кои доаѓаат од Јужна Америка кон САД.

Наскоро на границата меѓу Мексико и САД ќе бидат распоредени 6.000 припадници на мексиканската Национална гарда, како засилување на пограничните служби во обидот за справување со мигрантската криза.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп се закани со зголемување на увозните царини за стоки произведени во Мексико до 25 отсто, ако земјата не преземе марки за стопирање на илегалната имиграција и не ги засили безбедносните служби на својата северна граница.

Во моментов на мексиканско-американската се наоѓаат околу 25.000 имигранти од Централна и Јужна Америка, кои очекуваат одлуки по нивните барања за егзил во САД.

Сенатот на Мексико неделава треба да го ратификува новиот договор за слободна трговија помеѓу Мексико, САД и Канада.

Би можело да ве интересира

Американците се сомневаат дека Иран запленил танкер на ОАЕ во Ормутскиот теснец

Си-Ен-Ен: Асанж ја координирал вмешаноста на Русија во изборите во САД

САД и Русија со мали изгледи за успех на преговорите за стратешка стабилност

Ана Ололовска

Марк Еспер официјално номиниран за министер за одбрана на САД

Ана Ололовска

Пентагон веројатно в четврток ќе добие нов шеф

Ердоган планира заедничко производство на оружје со Русија