Албанската опозиција најави нов „национален протест“ за 21 јуни

Обединетата албанска опозиција денеска најави дека следниот, деветти по ред, „национален протест“ ќе го одржи в петок 21 јуни во 20:00 часот.

Одлуката е донесена на состанок на Претседателството на најголемата опозициска сила во земјата, Демократската партија со претседатели на партиските ограноци и нејзините пратеници кои се откажаа од пратеничките мандати.

– (Албанскиот премиер) Еди Рама ни објави војна. Треба да ги заштитиме земјата, граѓаните и Уставот. Наше право е да одговориме по секоја цена и со секакви средства. Нема избори без опозицијата. Тоа е криминал, особено во услови на уредбата на претседателот, посочи партискиот лидер Љуљзим Баша на состанокот.

Тој додаде дека партиските структури постојано одржуваат средби со граѓани на кои им се објаснува дека „Рама врши државен удар“.

– Тоа е национална опасност и мора веднаш да се запре. Земјата ризикува враќање на визниот режим, изолација и репресивен режим преку апсења, порач Баша.

Информирајќи за новиот протест, секретар за правни прашања на Демократската партија, Члирим Ѓата изјави дека „организаторите на протестите едвај ги задржуваат граѓаните да не излегуваат на протест секој ден“.

Инаку, локалните ограноци на опозициските партии и поддржувачите на опозицијата секојдневно организираат протести во градовите каде што се одржуваат изборни митинзи на владејачката коалиција на кои учествува и премиерот Рама.

Партиите од владејачката коалиција продолжуваат со изборната кампања за локалните избори што беа предвидени за 30 јуни и покрај тоа што албанскиот претседател Илир Мета ги одложи.

На митинг во Малакастра, Рама го критикуваше Мета поради одлуката за одлагање на изборите, велејќи дека шефот на државата „го смета Уставот за филџан“ за гатање.

Рама порача дека и покрај одлуката на Мета, избори ќе има на 30 јуни и опозицијата нив не може да ги спречи.

Би можело да ве интересира

Мета во „конфликт“ и со албанската Академија на науките

Ана Ололовска

Мета добитник на меѓународната награда „Златен лав“

Ана Ололовска

Мустафај: Албанија е во состојба на лудило и антиуставност

За осум години грчко државјанство добиле 200.000 албански граѓани

Ана Ололовска

Во Тирана уапсен руски државјанин учесник во ИД, пристигнал како имигрант

Ана Ололовска

Европол отвори канцеларија за врски во Тирана

Ана Ололовска