Минатата недела 70 нови случаи на мали сипаници, со МРП вакцинирани вкупно 29.857 деца до 14 години

Министерството за здравство информира дека вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во Република Северна Македонија изнесува 29.857. Од нив, 15.250 деца се вакцинирани на територија на градот Скопје, додека пак, во останатиот дел од државата вакцинирани се 14.607 деца.

„Родители ја препознаа важноста за навремено вакцинирање на децата. Не постои друга поефективна медицинска технологија што го заштитила и го унапредила човековото здравје како вакцинацијата. Таа е единствената мерка за заштита од мали сипаници.

Во извештајот на Европската Комисија се вели дека Министерството за здравство презеде чекори за контрола на ситуацијата со епидемијата, преку директна вакцинација во училиштата и детските градинки и со започнување на голема кампања за вакцинација.

Во изминатава недела, пријавени се вкупно 70 нови случаи на мали сипаници, што е за 17 случаи помалку во однос на претходната недела“, соопштуваат од Министерството за здравство.

Во текот на вчерашниот ден, прегледана и хоспитализирана е една пациентка со дијагноза на морбили (мали сипаници).

Се работи за 44-годишна пациентка од Неготино, која не е вакцинирана. На Клиника за инфективни болести се лекуваат вкупно 14 пациенти, од кои 12 возрасни и 2 деца. На одделот за интензивна нега продолжува лекувањето на 16 годишната пациентка со церебрална парализа и ЕPI по морбили и масивна пневмонија.

Кумулативно од почетокот на епидемијата во декември 2018, досега, во нашата држава се регистрирани 1.891 случај на мали сипаници со инциденца од 91,4 на 100.000 жители.

„Само со стапка на вакцинација од над 95 отсто од населението, ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширење на вирусот меѓу популацијата. Сите деца што се невакцинирани, за да се заштитат од заболувањето, треба веднаш да се вакцинираат“, додаваат од МЗ.

Би можело да ве интересира

Досега вакцинирани 32.653 лица со МРП вакцина, минатата недела нови 10 заболени

Ана Ололовска

Од денеска достапен лекот Пирфенидон за пациентите со идиопатска белодробна фиброза

Ана Ололовска

Во Галичник почнува со работа летната патронажна медицинска служба

Ана Ололовска

Во земјава има вкупно 183 амбулантни возила, просечно стари по 11 години

Ана Ололовска

Увидот ќе ги покаже причините за несреќата кај кумановско Черкезе, институциите подготвени да делуваат

Татјана Ташкова

(ВИДЕО) Николов: Дончев и Филипче да одговорат, дали со нивни амин се празни касата на ФЗОМ и Министерството за здравство?

Ана Ололовска