Диаби е ново засилување на Баер

Францускиот репрезентативец и сега веќе поранешен фудбалер на ПСЖ, Муса Диаби потпиша петгодишен договор со германскиот Баер Леверкузен.

– Муса Диаби е исклучително брз, технички силен напаѓач, чии квалитети совршено се вклопуваат во нашата идеја за играта, изјави спортскиот директор на Баер, Симон Ролфес.

Диаби, пак, изјави дека е сосема свесен дека во Леверкузен ќе има многу повеќе работа отколку во ПСЖ, но сепак смета дека доаѓањето во германскиот клуб е вистинскиот чекор и дека се радува на натпреварите во Лигата на шампионите.

Диаби во Баер ќе го носи бројот 19, а интересен е податокот дека минатата сезона за „принцовите“ играл дури 34 натпревари што е одличен успех ако се земе предвид дека станува збор за врвен меѓународен клуб со голема конкуренција на играчи.

Би можело да ве интересира

Сане: Во Минхен ќе одам само на одмор

A1on

Левандовски го навести трансферот на Сане во Баерн

A1on

Дортмунд и официјално си го врати Хумелс

A1on

Родригез ќе ја продолжи кариерата во Наполи

A1on

Борусија го продолжи договорот со Фавр

A1on

Хумелс го напушта Баерн

A1on