Парадата на гордоста во Тел Авив привлече повеќе од 250 000 учесници

Градоначалникот на Тел Авив, Рон Хулдаи, предводеше околу 250.000 учесници на годинашната парада на гордоста, која воедно е и најголема на Блискиот Исток.

“Ви ветувам дека нема да попуштиме и ќе продолжиме да се бориме сé додека не видиме целосна еднаквост во Државата Израел”, рече Хулдаи.

Градоначалникот го заврши својот говор на авенијата Бнеи Сион, на југот на градот, со зборовите “chag sameach”, што значи “среќен празник” и најчесто се користи за Еврејски верски празници.

Некои учесници на маршот носеа транспаренти на кои се потсмеваат на членовите на израелската десничарска верска Влада, која го ограничува бракот и родителските права на истополовите бракови.

Амир Охана, новоизбраниот министер за правда во Израел воедно и првиот министер на Владата на Израел кој призна дека е геј присуствуваше на маршот со неговиот партнер.

Откако учесниците стигнаа до Чарлс Клор парк, илјадници луѓе тргнаа кон плажата, каде што прославите на парадата на гордоста обично продолжуваат во ноќта.

Би можело да ве интересира

Гутереш: Продолжување на мировните напори за визијата на две држави

A1on

Нетанјаху бара зголемување на санкциите кон Иран

A1on

Израел инаугурираше населба „Висорамнина Трамп“

A1on

Сопругата на Нетанјаху казнета со 15.000 долари

A1on

Израелски одмазднички напади врз Појасот Газа

A1on

Истрелана ракета од Појасот Газа погоди зграда во Израел

A1on