Генерален штрајк во Бразил поради реформи во пензискиот систем

Во Бразил денеска почна генерален штрајк на работничките синдикати, кои се против реформа во пензискиот систем за која моментно се дискутира во Конгресот.

Бразилската Влада планира да ја зголеми старосната граница за заминување во пензија на 65 години за мажи и 62 години за жени, како и да ги зголеми придонесите за работниците.

Штрајкот веројатно ќе ги блокира сите градови ширум Бразил.

Полицијата во Рио де Женеиро употреби солзавец врз демонстрантите кои се обиделе да ја блокираат главната улица, а во Сао Паоло учесниците во протсетот палеле гуми на главниот булевар.

Засега нема информации за евентуално повредени лица. Генералниот штрајк е прв од ваков вид откако стапи на должност претседателот Жаир Болсонаро во јануари оваа година.

Би можело да ве интересира

Бразил и Венецуела обезбедија четвртфинале на Копа Америка

A1on

Милиони луѓе без струја во Аргентина, Уругвај, Парагвај и Бразил

A1on

Старт на Копа Америка со 100-та победа на Бразил

A1on

Најмалку 17 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Бразил

A1on

Водачите на затворските банди во Бразил ќе бидат префрлени во максимално обезбедени затвори

A1on

Полициска операција во Бразил – приведени најмалку илјада лица

A1on