Тачи во Тирана: Косово немаше да биде слободно без Албанија

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, денеска одликуваше 39 истакнати личности во Албанија со високото државно признание на Косово – Орденот на слободата.

Признанието се доделува за значаен придонес што за Албанија и за Косово го дале во различни временски периоди.

На посебна свеченост одржана во Тирана одликувањата ги добија личности од Академијата на науките, поранешните премиери Александар Мекси, Башким Фино и Фатос Нано, политичарите Кичо Блуши, Паскал Мило, Неритан Цека и други, како и новинари, спортски работници.

На свеченоста Тачи оцени дека „Косово нема да беше слободно, без улогата на Албанија“.

– Успевме првпат да го ставиме во движење НАТО и ова нема да се случеше без придонес и достоинствена улога на Албанија. Затоа, без улогата на Албанија, Косово нема да беше ниту слободно, ниту независно, а без поддршката на Албанија и нашиот пат кон НАТО и Европската унија ќе биде многу тежок. Бевме заедно во најтешките периоди на нашата нација за слобода и независност на Косово. Убеден сум дека ќе имаме заеднички пат и за НАТО и за Европската унија со целосна поддршка на Албанија, рече Тачи.

Тој му се заблагодари на секое албанско семејство за отворените врати и срца кон Албанците од Косово, кои „беа принудени да бидат раселени поради етничко чистење и геноцид од страна на Слободан Милошевиќ во Косово“.

Би можело да ве интересира

Mета со апел до опозицијата за надминување на политичката криза во Албанија

Харадинај: Ставовите на Весели за таксата на српскиот увоз се погрешни

Ана Ололовска

Пацоли во Вашингтон на форум за верските слободи

Ана Ололовска

Харадинај го поздрави изборот на Фон дер Лајен на чело на Европската комисија

Ана Ололовска

Весели: Ја поддржувам идејата за суспензија на таксите

Ана Ололовска

Мета го обвини Рама дека ја оставил земјата без Уставен суд

Ана Ололовска