ФФМ со осуда за говорот на омраза кон Алиоски: Омразата не игра на наш терен!

Фудбалската федерација на Македонија најостро го осуди говорот на омраза чија последна жртва беше нашиот репрезентативец и фудбалски амбасадор, Езѓан Алиоски.

„Ние како федерација и институција која е социјално одговорна и се залага за развој на позитивните вредности во општеството секогаш ќе стоиме на страната на правичниот третман и почитувањето, без оглед на верската, националната припадност, расата или бојата на кожата!

Сите репрезентативци кои со гордост го носат националниот дрес се нашите најголеми амбасадори, и заслужуваат секаква почит! Уште еднаш сакаме да порачаме – Омразата не игра на наш терен! Да ја исклучиме и од нашето окружување!

Ги повикуваме институциите на системот соодветно да реагираат на ваквите немили настани, со цел никогаш да не се повторат“, се вели во соопштението на ФФМ.

Алиоски денеска бил избркан од ресторан во Прилеп, од каде потекнува, бидејќи со своето семејство зборувал на албански јазик.

Би можело да ве интересира

Комисија на ФФМ донесе одлуки за издавање лиценци

Академија Пандев го освои Купот првенец

Шкендија со убедлива победа над Академија Пандев ја прослави шампионската титула

ФК Љуботен Тетово примен во сојузот на најстари клубови во светот

ФК Тетекс: Тенденциозно судење на наша штета

Тетекс со нов тренер во обид да се спаси од испаѓање