Руски авиони извршија четири воздушни напади во Идлиб

Руското Министерство за одбрана соопшти денеска дека нивни авиони извршиле четири воздушни напади врз екстремисти во сирискиот регион Идлиб.

Руската армија соопшти дека турската војска побарала помош од неа да ги заштити турските трупи, при нападите врз „терористите“ во Идлиб.

Регионот Идлиб, од крајот на април се наоѓа под силна воздушна и копнена офанзива на силите под команда на Дамаск и Москва против екстремистите, кои се борат против сирискиот претседател Башар ал Асад, a оперираат на подрачјето под турско влијание.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот на шестмина украински морнари

Ана Ололовска

Си-Ен-Ен: Асанж ја координирал вмешаноста на Русија во изборите во САД

САД и Русија со мали изгледи за успех на преговорите за стратешка стабилност

Ана Ололовска

Русија и Украина најавуваат размена на затвореници

Авион со 112 патници се излизга од писта во Русија

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Протест во Москва, опозицијата бара да учествува на избори