(ВИДЕО) Јанева: Чека може да си ги преземе „бомбите“ од „Јутјуб“

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, на која на 15 септември ѝ истекува мандатот, два и пол часа го презентираше шестмесечниот извештај за работата на СЈО, пред Советот на јавните обвинители.

Јанева по седницата рече дека членовите на Советот биле задоволни и рекле дека извештајот е исцрпен со многу детали.

„Не се интересираа за конкретни предмети, туку за бројките“, рече Јанева. Шефицата на СЈО, кажа дека ако ја викнат ќе го презентира извештајот на СЈО и во Собранието.

Во врска со вештачењето на бомбите кои беа пронајдени кај Љупчо Палевски и Захир Бекири Чауш, рече дека предметот се работел, ама документацијата била многу обемна и оти вештачењата не биле завршени. „Немаме уште јавнообвинителска одлука“, рече Јанева.

Обвинителката на прашање за бомбите кои се објавуваат од „Фејсбук“ профилот на Ел Чека, не беше конкретна: „Па тие се јавно објавени, може да си ги преземе од ‘Јутјуб’. Што да кажам за тие…“, рече Јанева.

Законот за Јавно обвинителство, со кој се регулира статусот на СЈО, се уште е во ќор-сокак. Според последните информации, нема нови средби на работните групи поврзани со Законот кој треба да го осигура опстанокот на отворените истраги и генерално, работата на ова обвинителство.

Би можело да ве интересира

Здравев: Изненаден сум од она што се случи со СЈО

Ана Ололовска

ВИДЕО: Јанева не доаѓа на работа, а останува шефица на СЈО – обвинителите не знаат каде е

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Заев до Ел Чека: Објави разговори и за мене, ќе одговараш кога-тогаш

Галена Николовска-Ризвановиќ

(ВИДЕО) Заев: Чекам да се докаже дали Јанева е инволвирана или злоупотребена

Галена Николовска-Ризвановиќ

Ванхојте: Обвинителите да се остават да ја вршат својата работа за случајот „Рекет“

Ана Ололовска

Обвинителство: Дезинформација е дека Јанева се апсела и дека се јавувала кај дипломати

Ана Ололовска