Морнарицата на САД им помага на „нападнати танкери“ во Оманскиот Залив

Американска Петтата флота денеска соопшти дека нејзини бродови во реонот на Блискиот Исток добиле сигнали за инциднети на два танкера за нафта, за кои се тврди дека биле нападнати во Оманскиот Залив.

– Ние сме запознати со нападот врз танкерите во Оманскиот Залив, се вели во соопштението од Петтата флота, чие седиште е во Бахреин.

– Морнарицата на САД во регионот доби два одделни повици за помош помеѓу 6:00 и 7:00 по локално време утринава, се вели во соопштението.

Бродови на Морнарицата на САД им укажуваат помош на екипажите на танкерите.

Вашингтон минатиот месец го обвини Иран за напад врз четири танкери за нафта во близина на брегот на Обединетите Арапски Емирати, но властите во Техеран отфрлија каква и да било нивна поврзаност со настанот.

Претходно овој месец Обединетите Арапски Емирати во допис до Советот за безбедност на ОН посочија дека нападите врз танкерите со нафта во нивните пристаништа, најверојатно се дело на „државни служби“.

Би можело да ве интересира

Трамп најави строги санкции за иранскиот врховен водач

A1on

Уапсено лице кое планирало напад врз Амбасадата на САД во Брисел

A1on

Демократски дебати неделава во САД – прва предигра за изборите во 2020 година

A1on

Уште еден американски воен брод вплови во води близу Блискиот исток

A1on

Град на Флорида исплати 600.000 долари на хакери

A1on

Трамп викендов ќе ја посети Јужна Кореја

A1on